СВР Скопје со засилени мерки за безбеден град Скопје
Во текот на вчерашниот ден и денеска полициски службеници од СВР Скопје преземаа засилени мерки и активности за безбеден град Скопје, при што беа легитимирани 87 лица, а преглед бил извршен на 37 моторни возила. Лишени од слобода биле пет лица по член 215 од Кривичниот законик и три лица поради недозволено поседување на оружје. Исто така, лишени од слобода биле две лица по член 396 од Кривичниот законик и едно лице по член 235 и 378. Едно лице било приведено за доиздржување на казна затвор.
Засиленото полициско присуство за безбеден град Скопје продолжува и во наредните денови.
09.09.2024 - 12:35
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа