Честитка на Агелер по повод 8 Септември: Како и нашата независност, и вашата беше тешко здобиена со безброј жртви
Амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Анџела Агелер упати честитка по повод Денот на независноста на земјава - 8 Септември.
Во видео обраќањето кое го објави Амбасадата на САД во Скопје, Агелер вели „на овој посебен ден се придружуваме на Северна Македонија и на сите вас во прославата на вашата независност и вашите динамични и разновидни заедници“.
– Како и нашата независност, вашата беше тешко здобиена, со безброј жртви направени од оние кои верувале во моќта на слободата и демократијата. Денес и секогаш, ја почитуваме вашата историја, вашата сегашност и светла иднина, рече Агелер.
Честит 8-ми Септември, Денот на независноста! Gëzuar 8 Shtatori, Dita e pavarësisë! The United States proudly stands alongside you, reflecting on our strong partnership and decades of cooperation. pic.twitter.com/n65qJDfXXI
— U.S. Embassy North Macedonia (@USEmbassySkopje) September 8, 2024
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа