Мицкоски најави германска фабрика за производство на литиумски батерии - 700 нови вработувања

 

 

Премиерот Христијан Мицкоски најави нова германска инвестиција, за која утре ќе биде поставен камен темелник. 

Станува збор за германска фабрика за производство на литиумски батерии во која според проценките, ќе работат околу 700 луѓу.

–Цеќе утре после напорна двомесечна работа и отстранување на сите оние недостатоци коишто се акумулирале во месеците наназад ќе имаме поставување на нов камен темелник на компанија која што доаѓа од Германија. Инвестицијата е 60 до 65 милиони евра, некаде околу 700 нови вработувања, ќе се произведуваат литиумски батерии. Со завршувањето на оваа инвестиција ќе биде зголемен извозот, а со зголемување на извозот ќе биде намалена разликата односно дефицитот помеѓу извозот и увозот и на тој начин ќе се зголемува БДП. Така што, еве да почекаме до утре па македонската јавност ќе биде сведок утре, рече Мицкоски.

03.09.2024 - 12:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега