Почина музичарот Ацо Конга

По долгата битка со тешката болест, почина познатиот македонски музичар Ацо Богдановски - Конга. Јавноста пред три месеци дозна за здравствените проблеми на музичарот, по што беше иницирана хуманитарна акција од неговите колеги. Еден од нив беше и Јоцо Панов, негов близок пријател, кој на својот официјален Фејсбук профил ја објави веста, додавајќи дека метастазите му се прошириле и на други делови од телото по што потребна е итна терапија која чини 15,000 евра. 

Ацо Богдановски- Конга, познат музичар и поранешен член на групата "Нокаут", почина по долга битка со тешката болест.

По Јоцо Панов, голем број на други музичари, негови колеги и блиски пријатели започнаа преку социјалните мрежи да апелираат за помош од сите оние кои што можат финансиски да му помогнат на познатиот музичар. Колегите на Конга се организираа и помогнаа да се отвори сметка за донации.

23.12.2013 - 11:16

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега