Зоран Милановиќ: Македонија премногу и предолго трпи поради името

-Хрватскиот премиер Зоран Милановиќ, кој истакна дека е нелогично Македонија, Србија и Црна Гора да бидат изоставени од ЕУ, специфираше дека Македонија предолго е изложена на притисок за името кое што може во иднина да има далекусежни последици. 

- Што се однесува до европската перспектива на Македонија, ние не можеме никого да го натераме да донесе одлука, затоа што одлуките се носат со консензус. Сметаме дека Македонија е изложена на пресилен притисок и дека на ваков начин не ѝ помагаме на Македонија, а ниту, пак, на регионот. Регионот се дестабилизира, а Македонија е тука и ќе остане прашањето за нејзиното име - вели Милановиќ. 

Тој прифаќа дека некому може да му биде важно ова прашање оти тој доаѓа од Хрватска, а не од Грција.

- Затоа, можеби не можам во целост да се соживеам со стравовите и резервите на некого, а кои очигледно постојат. Но сето ова трае предолго и мислам дека Македонија е по малку заложник на ова прашање - додава Милановиќ.

 

23.12.2013 - 11:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа