Негативен природен прираст во вториот квартал

 

Во второто тримесечје од 2024 година, живородени се 3 840 деца и во споредба со истиот период од претходната година нивниот број е намален за 7.2 %, соопшти Државниот завод за статистика.

Бројот на умрените лица во второто тримесечје од 2024 година бележи зголемување од 0.3 % во споредба со истото тримесечје од 2023 година и изнесува 4 711 лицa, а од нив 12 се умрени доенчиња.

Природниот прираст е негативен, односно - 871 лице, што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица. 

Во второто тримесечје од 2024 година, склучени се 2 533 бракови, што претставува намалување за 22.6 % во споредба со истиот период од  2023 година.

Во ова тримесечје се добиени 390 извештаи за разведени бракови.

30.08.2024 - 15:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега