Израел им порача на жителите на неколку области на Газа да заминат
Израелската армија денеска им порача на жителите на неколку населби во северниот дел на Газа да избегаат, пред новата воена операција по повторените ракетни напади.
Луѓето треба да одат во засолништа западно од градот Газа, се вели во апелот објавен од портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ) на арапски.
Во услови на тековно гранатирање од областа, ИДФ планира да преземе акција против палестинскиот исламистички Хамас и другите терористички организации таму, пренесе ДПА.
Хуманитарните организации се повеќе ги критикуваат постојаните повици на ИДФ за евакуација на цивилите во Појасот Газа.
– Постојаните наредби за евакуација ги уништуваат семејствата во Газа и масовно ја попречуваат помошта за спасување на животи, рече Мартин Фрик, шеф на берлинската канцеларија на Светската програма за храна на ОН.
– Речиси сите во Газа се раселени поради постојаните наредби за евакуација од октомври 2023 година, додаде тој.
Според него, севкупно, околу 86 отсто од појасот е област од која треба евакуација. Само во август бројните повици за бегство погодија четвртина милион луѓе.
– Некои семејства бегаат по десетти пат, нагласи Фрик.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа