Иванов денеска пред македонските пратеници

Денеска претседателот Ѓорѓе Иванов ќе се обрати пред пратениците во Собранието на Македонија во рамките на 79 седница. 
Веднаш потоа Трајко Вељановски ќе ја продолжи 80 седница на чиј дневен ред ќе биде енормото загадување на градот Скопје, седница која ја побара опозицијата. 

На истата ќе се разгледува Предлот законот за ратификација на Меморандумот за разбирање за соработка во здравството помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Државата Катар, а потоа и Предлог законот за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Романија за соработка во областа на образование, наука, култура, мас-медиуми, млади и спорт.

Пратениците ќе расправаат и по измените и дополнувањата на Законот за социјалната заштита, на Законот за работните односи, на Законот за персоналниот данок на доход, на Царинскиот закон, сите во второ читање.

На дневен ред во второ читање се и измените на Законот за вршење на услуги брз трансфер на пари, измените и дополнувањата на Законот за даночна постапка, како и Предлог законот за финансиска дисциплина.

Меѓу другите точки на оваа седница се и измените и дополнувањата на Законот за внатрешни работи, на Законот за спортот, на Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка, на Законот за извршување, на Законот за здравственото осигурување, на Законот за основање на Агенција за промоција и поддршка на туризмот во Република Македонија, на Законот за државниот инспекторат за локална самоуправа, на Законот за културата на Законот за употребата на македонскиот јазик, сите во второ читање.

23.12.2013 - 09:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа