ФОТО: При полетување од аеродромот авион се удри во зграда

Авион на „Бритиш ервејз“ со 185 патници и 17 членови на екипажот доцна синоќа при полетување од аеродромот во Јоханесбург за Лондон со десното крило удрил во зграда при што четворица се повредени, соопштија денеска локалните власти.

Портпаролот на јужноафриканската агенција за цивилна авијација Финдив Гвебу изјави дека авионот Боинг 747-400 за полетување користел писта што е претесна за таков тип на авиони.

- Како резултат на тоа авионот со десното крило удрил во деловната зграда на аеродромот. Од контролната кула пилотот го упатиле на една писта, но тој тргнал да полетува од друга писта, погрешна писта, истакна Гвебу.

Во несреќата повредени се четири лица, кои се наоѓале во зградата, додека 202 лица во авионот на „Бритиш ервејз“ минале без повреди. 

23.12.2013 - 09:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега