Под Грендланд пронајден огромен резервоар со слатка вода

Научници пронајдоа огромен резервоар со вода од стопен мраз со големина на Ирска, кој во текот на цела година лежи незамрзнат под гренландскиот леден покривач и може да даде важни информации за растот на нивото на светските океани и мориња.

Според студија објавена во Природа геонаука научниците наведуваат дека водата е во воздушните џебови меѓу делови од мразот на сличен начин на кој овошен сок може да остане течен во ледени пијалоци.

Тие сепак, имаат многу прашања на кои немаат одговор за тоа каде и со која брзина таа вода тече, ако воопшто се движи.

Најновата студија утврдила дека значителни количини вода од стопен мраз се наоѓаат во делумно цврст слој снег кој го образува горното ниво на глечери и се уште не е замрзнат.

Во пролетта 2011 година истражувачи прокопале подлабоко во слој од снегот и на нивно изненадување, пронашле вода иако температурата била минус 15 степени.

Со оглед дека тоа било многу пред почетокот на летото, тимот научници заклучиле дека таа вода вода останува во течна состојба и за време на зимата на Гренланд. По нивни проценки во резервоар под површината на мразот со големина 70.000 квадратни километри има 140 милијарди тони вода што е колку и годишниот раст на морињата од 0,4 милиметри или половина вода која од Гренланд истекува секоја година во море.

Но, научниците воопшто не знаат каде оди таа вода.

– Тоа зависи од тоа дали водата е поврзана со системот прекој кој се одлива во океан или е изолирана и целосно се однесува како одвоен резервоар, вели Рик Фостер, професор од Универзитетот во Јута.

Тој додава дека е потребно многу подобро да се истражи целиот систем за да може да се предвиди дали и колкu ќе порасне нивото на морето за што најмногу придонесе во изминатите 100 години топењето на гренладскиот леден покривач.

Според најновиот извештај на меѓувладин панел за климатски промени, ледениот покривач меѓу 1992 година и 2001 година се намалил за 34 милијарди тони мраз годишно, а таа количина се зголемила на дури 215 милијарди тони меѓу 2002 година и 2011 година.

23.12.2013 - 09:16

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега