Телото на деветмесечно бебе пронајдено во Дрина

 

Припадници на српската полиција ја пребаруваа Дрина, кадешто денеска се преврте чамец со мигранти, при што беше пронајдено тело на бебе, додека полицијата на Република Српска го извлече телото на уште едно машко лице од реката, објавија српските медиуми.

„Припадниците на МВР со претрес на теренот, кој од синоќа интензивно се одвива, денеска околу 15.30 часот, го пронајдоа безживотното тело на деветмесечно бебе во градот Лоњин низводно од Дрина, во близина на брегот. За жал, бебето е десеттата жртва на превртувањето на брод со нерегуларни мигранти кои се обиделе да ја преминат оваа река од Србија во општина Зворник“, рече вицепремиерот на Република Србија и министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ.

Бебето било со мајката чие тело рано денеска беше извлечено од реката.

„Потрагата се уште трае“, истакна министерот Дачиќ.

22.08.2024 - 19:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега