Лазаров ја заврши 2013 со нов трофеј

Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров го освои 36.от трофеј во својата кариера откако со својот клуб Барселона победи во шпанскиот АСОБАЛ Куп.

Синоќа во финалето на ова натпреварување фаворитот Барселона го совлада Грањолерс со 34:28. И по овој дуел Каталонците немаат пораз сезонава и на најдобар можен начин ја демонстрираа својата надмоќ во шпанскиот ракомет.

Лазаров средбата ја заврши со три постигнати голови, а запиша и три асистенции.

За Македонецот ова е втор трофеј од шпанскиот национален куп. Еден има освоено со Атлетико Мадрид.

Следен предизвик за Лазаров е настапот на Европското првенство во Данска во јануари 2014 година, каде тој ќе биде предводник на македонската репрезентација во обидот да се повтори успехот од претходниот евро-шампионат кога беше освоено петтото место.

23.12.2013 - 09:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега