Арсовска до ВМРО-ДПМНЕ: Преземете одговорност за состојбите во Град Скопје

 
„Ништо од лажната конструктивност на ВМРО-ДПМНЕ. Наместо конструктивност, оваа партија има единствена цел да бега од одговорност, да предизвикува хаос секаде каде што немаат партиски интерес и со лаги да ја прикриваат вистината“, реагираат доцна вечерва од Град Скопје во писмена реакција испратена до медиумите.
Во него обвинуваат  дека ВМРО-ДПМНЕ која трета година е власт во Град Скопје, не гласа инвестиции, не гласа за проекти, блокира програми за работа.
 
„Советниците наместо да работат глумат икебани во Советот на град Скопје за 500 евра по седница за да им го загорчуваат животот на скопјани.
ВМРО-ДПМНЕ не смее да писне за еколошката катастрофа во Тетово, Гостивар, Радовиш, Битола, Прилеп, Кочани. Молчат за катастрофалните состојби во општини каде што имаат градоначалници, мнозинство во Советите и свои директори
Молчат за Штип каде со месеци вработените во ЈП “Исар” не земале плата, бидејќи градоначалникот сменил 5 директори.
 
Време е ВМРО-ДПМНЕ да превземе одговорност за состојбите во градот Скопје и конечно да го одблокираат Советот, наместо да паразитираат за 500 евра паушал“, стои во реакцијата на Град Скопје.

 

21.08.2024 - 23:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега