Познат идентетот на убиецот кој среде бел ден пукаше на паркингот кај Мавровка
По Јавното обвинителство, се огласи и Министерството за внатрешни работи. Министерот Панче Тошковски објави дека полицијата сѐ уште трага по третиот осомничен, а за вториот е ослободен по распит во полиција бидејќи до овој момент не е утврдено дека бил поврзан со убиството.
Сепак, неговата објава за првпат даде детали за убиецот. Станува збор за 39-годишник со иницијали Е.К.
-По преземени мерки и брза реакција на СВР Скопје, специјалните полициски сили, хеликоптери и дронови беше фатен и лишен од слобода сторителот на кривичните дела Е.К.(39) од Скопје. Веднаш потоа, од Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје беа извршени увиди на местата, беа извршени разговори со сведоци како и претреси во домови на неколку локации, беа прегледани видео записи и беше извршена претрага на терен за обезбедување на материјални докази како што се возила, пиштол, чаури и други одземени предмети. Од страна на Одделот за форензички испитувања при МВР извршено е вештачење на чаури и пиштол со кое вештачење се поврзуваат двете кривични дела со сторителот Е.К, вели Тошковски..
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа