Мицкоски: Нема да ја поддржиме интерпелацијата на Гаши, подобар е од Џафери

 

ВМРО-ДПМНЕ нема да ја поддржи интерпелацијата на собрансикиот спикер Африм Гаши кого изминатиот период го следеа низа скандали.

Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во Неготино рече пратениците од ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржат интерпелација бидејќи во работењето тој бил подобар од неговиот претходник, Талат Џафери.

- Начинот на кој што ги води седниците е голема разлика во однос на неговиот претходник, рече Мицкоски.

На барање на партијата Левица, интерпелацијата за Гаши е ставена на дневен ред на 13. пленарна седница, закажана за 3 септември

Дел од работите што му се префрлаат на Гаши се одржувањето групна верска молитва во помен на Сребреница во собранието, инцидентот со косовската претседателка Вјоса Османи на скопскиот аеродром, како и неодамнешното патување со службено возило за приватни цели вон границите на државата.

21.08.2024 - 13:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега