Полната месечина носи хаос за три хороскопци знаци

 

Полната месечина е на 19 август, но нејзиното влијание се чувствува неколку дена пред, и две недели по овој датум.

Полната месечина е на 19 август во знакот на Водолија, каде овие денови се центар на страста и сериозната драма, бидејќи покрај спојот на Месечината и Плутон, очекуваме и спротивставеност на Венера и Сатурн, што доведува до напнатост во емотивните односи или силна привлечност кон некој на кој му е тешко да се одолее. Силни емоции ќе почувствуваат сите знаци, но три хороскопски знаци ќе го доживеат најголемиот пресврт на љубовен план.

Лав
Деновиве, околу 19 август, ќе доживеете емотивна трансформација. Во вашиот живот може да се појави личност која веќе ја познавате, а сега некои негови постапки ќе ве натераат целосно да го преиспитате текот на вашата романса. Сетете се на она што започна во вашиот живот во февруари. Доколку оттогаш сте во љубовен триаголник, а се двоумите помеѓу две лица, тогаш сега ќе треба да донесете конечна одлука.

Вага
Вашиот љубовен живот целосно ќе се промени. Можете да дознаете нешто за вашиот партнер и да одлучите за понатамошниот развој на вашата врска. На пример, веројатно е време да ја подигнете вашата врска на следното ниво, а тоа може да се случи поради - бременоста! Слободните Ваги, како и оние кои се во брак, можат да разберат дека треба да променат нешто во љубовта. Сакате силна врска со партнерот и сега сте подготвени за тоа. Некои можеби ќе одлучат да стават крај на емотивно оптоварената врска.

Риба
Полната месечина се случува во вашата куќа на тајните и минатото и носи голема промена во вашиот љубовен живот. Ве чека средба со личност која ќе ви каже нешто што ќе ве допре и ќе сфатите каде сте згрешиле во минатото, на љубовен план. Тоа може да биде пријател, астролог или психолог, некој на кој можете да му се доверите. Или можете да сретнете личност која ќе ве опсипува со внимание и комплименти, од кои ќе бидете исклучително задоволни и нема да можете да одолеете. Сепак, бидете внимателни, можни се недоразбирања деновиве на емотивен план.

19.08.2024 - 21:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега