Заврши средбата на Арсовска со Мицкоски и Перински - се чека исходот
Заврши средбата меѓу скопската градоначалничка Арсовска и премиерот Христијан Мицкоски и министерот за локална самоуправа.
Се чека да почне прес-конференцијата на која според најавите ќе зборува Перински.
Арсовска нема да даде изјава за медиумите, а пред почетокот на средбата најави дека за утре ќе закаже прес-конференција.
Средбата доаѓа откако ЗЕЛС побара одземање на ингеренциите на „Комунална хигиена“ и „Паркови и зеленило“. Арсовска подолг период е во ладни односи со речиси сите политички чинители. Иако беше поддржана од ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори, „љубовта“ кратко траеше. Односите меѓу Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ се влошија токму откако таа го избрка Перински од функцијата директор на Водовод, обвинувајќи го дека бил фатен „со рачињата во медот“.
Мицкоски, пак, минатата недела кажа дека ќе му даде разумен рок на Градот да почне да си ја работи работата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа