Мицкоски и Арсовска попладнево на средба
Премиерот Христијан Мицкоски ќе се сретне со скопската градоначалничка Данела Арсовска.
Како што соопшти владината прес-служба, средбата ќе се случи во Влада во 15:30 часот. На средбата ќе присуствува и министерот за локална самоуправа Златко Перински.
По завршување на средбата предвидена е изјава од Перински.
Средбата доаѓа по затегнати односи на градоначалничката Арсовска со Владата, но и градоначалниците од Скопје кои побараа да бидат одземени ингеренциите на Градот на две јавни претпријатија, „Комунална хигиена“ и „Паркови и зеленило“. Мицкоски најави дека на Арсовска ќе ѝ биде даден разумен рок за да почне да работи, во спротивно ќе биде започнат процесот за одземање на ингеренциите.
Инаку, токму разрешувањето на Перински од функцијата директор на Водовод беше тригерот за влошување на односите меѓу Аровска и ВМРО-ДПМНЕ, партија која ја поддржи нејзината кандидатура на претходните локални избори.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа