Нов гаф на Зоран Заев

Џонсон Мети и Џонсон Контролс се инвестиции кои во Македонија влегоа во времето на СДСМ. Оваа изјава на лидерот на СДСМ, Зоран Заев во интервју за МРТВ ги збуни познавчите на сотојбите. 

„Џонсон Мети дојде од времето на владеење на СДСМ, Џонсон Контролс од времето на Владо Бучковски, други гринфилд инвестиции исто така кои се случувале во Македонија се, инвестицијата која беше во Росоман, колку што се сеќавам, тогаш стартуваше, дојде оваа влада, ја затвори, конзервните фабрики кои што се изградија токму во тоа време и инвестицијата која се случи исто така во Струмица во делот на отворањето на конзервната фабрика. Еве ви три инвестиции“, рече Заев во интервјуто за МРТВ

Интересно е што изјавата на Заев доаѓа по речи си година и половина од интервјуто на гереналниот директор на Џонсон Мети за Македонија, Џастин Такар кој за Капитал во јуни 2012 изјави дека одлуката да инвестираат во Македонија ја донеле во 2007 година.

„Кога во Џонсон Мети првично ја донесовме одлуката да инвестираме во Македонија, потребно беше да се завршат многу работи и процедури. Голема поддршка и помош во тоа време ни даде македонската Влада. Одлуката да инвестираме во Македонија беше донесена во 2007 година, а во 2008 година започнавме со изградба на првата фабрика во Бунарџик. Компанијата беше многу задоволна од успехот којшто го постигнавме за две години и од производството во Македонија. Тогаш се отвори прашањето дека ни се потребни нови прооизводствени капацитети, како и дилема каде да отвориме нова фабрика за да ја задоволиме побарувачката. По анализата на пазарот за двегодишното работење во Македонија, сите индикатори покажуваа за успешното работење на фабриката во Македонија, а во согласност со тоа, менаџментот на Џонсон Мети донесе одлука повторно да ја избере Македонија како место за новата фабрика.
Конечната одлука за новата фабрика ја донесовме на почетокот на годината и кратко потоа започнавме со изградба на вториот производствен погон, кој се наоѓа веднаш до постоечкиот“ - вели Такар за Капитал.

22.12.2013 - 22:41

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега