Заев: Моето богатство изнесува околу 60.000 евра - јас и припаѓам на средната класа

Лидерот на СДСМ и градоначалник на Струмица тврди дека богатството на неговото најтесно семејство изнесуа меѓу 60 и 80.000 евра. Зоран Заев во интервју за МРТВ зборувајќи за имотот со кој располагаат тој и неговата сопруга потенцираше дека станува збор за малку недвижнини и неколку атомобили.

„Тоа е моето семејство, мојот анкетен лист е реално достапен на јавноста. Мојот имот лично заедно со возилата мои и на сопругата вреди некои 60-70-80 илјади евра. Јас сум транспарентен поолитичар и реално она што со мојот работен век од некои 17 години години го имам создадено и секако моето семејство“ вели Заев за МРТВ

Сепак лидерот на СДСМ признава дека неговото пошироко семејство има имот вреден над 6 милиони евра.

!Лично јас спаѓам се уште во средната класа, но доаѓам од богато семејство кое што има 820 вработени. Капиталот е проценет на некои шест-седум милиони евра, во кредити се исто толку пет-шест милиони евра, апсолутно влезени да се докажеме пред општеството, обидувајќи се редовно да дадеме плата и платиме даноците на државата и генерираме нови производи, нови продукции кои значат нови инвестиции. Се што имаме е овде во Македонија“ изјави Заев 

Тој го критикуваше деловниот амбиент во Македонија но призна дека 90% од своето богатство го направил за времето на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ

„Нашиот имот е во делот на фирмите, фирмите се покриени со кредити. Еве реков, колку е вредноста на имотот по проценки отприлика се  и кредити и апсолутно не бегаме од тоа, ние се гордееме, тоа е создадено, пред се 90 отсто е создадено додека ВМРО-ДПМНЕ бил на власт. Граѓаните го чувствуваат деловниот амбиент, тука се бизнсимените, тука се вработените во сите фирми, сите знаат како живеат денеска. Деловниот амбиент во Македонија е за жал на минимум од целиот регион од по странски инвестиции. Домашните инвеститори престанаа да инвестираат, ако е добар деловниот амбиент зарем нема да имаме дополнително охрабрување, одважување да земеме кредити, да ги заложиме куќите. Нема никакви инвестиции во РМ“ - изјави Заев во интервјуто на МРТВ

22.12.2013 - 22:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега