Претепан поранешниот градоначалник на Охрид?

Поранешниот градоначалник на Охрид, Александар Петрески побарал помош во охридската болница по повреди кои ги здобил откако најверојатно бил претепан, јавуваат охридските локални медиуми. Според Охриднет на лицео на Петрески биле видливи  гребнатини, црвенило по лицето и челото како и мала расекотини на устата кои според овој портал најверојатно се предизвикани од удари со раце и со нозе.
Петрески вечерва ја демантираше информацијата.

Веста која се пласира за мене е целосно неточна и измислена и далеку е од вистината.Никаков инцидент се нема случено и целиот случај во медиумите е монтиран и тенденциозен. Оваа работа јас по се изгледа со лажниве вести ќе мора да ја одведам на суд и таму да ја докажувам" – изјави вечерва за Охрид 1 поранешниот градоначалник Александар Петрески.

22.12.2013 - 21:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега