Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство во контролна посета на „Тиквеш“
Државниот инспекторат за земјоделство соопшти дека директорот Васе Анакиев заедно со тим од земјоделски инспектори, деенска остварија контролна посета на Винаријата „Тиквеш“ во Кавадарци.
- Од страна на директорот Анакиев беше укажано за придржување на договорената цена за откуп од страна на винариите, која беше договорена минатата недела на состанокот во МЗШВ на кој присуствуваа директорот на ДИЗ Васе Анакиев, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски и откупувачите на грозје, се наведува во соопштението.
Од Државниот инспекторат за земјоделство информираат дека тие остануваат на терен будно да ја следат состојбата со откупот на грозјето, се со цел за максимална заштита на производителите на грозје.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа