Екс генералниот секретар на НАТО оддаде почит на загинатите борци во 2001
„Џорџ Робертсон, ех ген.секретар на НАТО. ЕДИНСТВЕНО ВО ЃОРЧЕ (Волково) и било кога во Македонија, има оддадено почит со поклон пред Бранителите од конфликтот во 2001 година.
Денес го одбележувме загинувањето на осумте храбри и пожртвувани бранители, на 10 август 2001 година кај месноста Љуботенски Бачила“, пишува денеска на социјалните мрежи поранешниот градоначаник на Ѓорче Петров, Александар Наумовски. .
„Вечна им слава на Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски“, додава тој во објавата.
10.08.2024 - 13:24
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа