Унгарија влегува на телекомуникацискиот пазар: 4IG трет мобилен оператор во земјава?

 

Унгарската телекомуникациска групација 4iG изразила интерес да влезе на телекомуникацискиот пазар во земјава и да нуди мобилни и фиксни услуги. Ова го соопшти Министерството за транспорт и врски, по средбата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски со  прeтседателот на унгарската групација Гелерт Жасзаи, пренесе Плусинфо

Групацијата, како што е соопштено, ќе ги анализира условите за влез на телекомуникацискиот пазар во земјава како дел од нејзината стратегија за проширување во земјите од Западен Балкан.

– Веруваме дека воспоставеното искуство на 4iG-групацијата во телекомуникациската индустрија, комбиниранo со нејзината стручност во регионални рамки, може ефикасно да се искористи и на македонскиот пазар. Оваа иницијатива ветува значителни придобивки за двете страни, а може да биде поволна, особено за граѓаните на Македонија, бидејќи и Македонија и 4iG- групацијата делат заедничка визија за поврзано и дигитално напредно општество – изјавил министерот Николоски.

4iG-групацијата е вториот по големина телекомуникациски оператор во Унгарија и водечки ИТ-систем интегратор, со растечко инвестициско портфолио во секторот на вселенската и на одбранбената индустрија. Во 2022 година, 4iG-групацијата се проширува на телекомуникациските пазари на Западен Балкан, воспоставувајќи значајни позиции во Црна Гора и во Албанија, преку лансирање на сопствениот телекомуникациски бренд – ONE.

 

Под брендот ONE, подружниците на 4iG на Западен Балкан прават значителна трансформација. Со тоа, станува водечки бренд на пазарот на 5Г мобилни услуги во Црна Гора, додека ОNE – Албанија, формирана преку консолидирање на албанските телекомуникациски компании, станува врвен телекомуникациски провајдер во земјата.

05.08.2024 - 10:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега