Вака ќе изгледаше историјата доколку СФРЈ не се распаднеше и влезеше во ЕУ
Да си останеше Југославија цела, ќе беа избегнати погубните војни во 90-те и истата би влегла во ЕУ, не само за доброто луѓето во регионот, туку и самата ЕУ ќе беше подобра од она што е денеска. Ова е заклучок на соработникот на проектот на Германското друштво за надворешна политика (DGAP) Корнелијус Адебар, кој работеше на замислата, што би се случило доколу ЕУ вложеше поголеми напори, пред се од финансиски аспект, за опстанокот на Југославија и нејзиниот влез во унијата.
„Замислете како Европа би изгледала ако Федерална Република Југославија не се распаднеше, туку, да речеме останеше само без префиксот „Социјалистичка“, наведува авторот во текстот објавен на сајтот DGAP.
Животот на стотина илјади луѓе во БиХ, Црна Гора, Хрватска, на Косово, Македонија, Словенија и Србија ќе беше поштеден, а САД не би ангажирале свои војници во Европа, за прв пат по Втората светска војна. Балканот можеше да стане подобро место, нешто со кое се согласуваат голем број на граѓани од независните држави настанати од СФРЈ.
По тоа хипотетичко сценарио, Југославија би го побарала членството во ЕУ во 1991 година, и две години поцона би ги почнала пристапните преговори заедно со Австрија, Финска и Шведска. Сепак поради проблемите со големата невработеност, јавниот долг и инфлацијата, како и на неконкурентниот пазар и евроинтеграцијата Југославија би била нешто побавна во развојот.
Југославија во ЕУ со Унгарија, Естонија и Малта
Југославија на крајот на векот ќе станеше членка на ЕУ заедно со Унгарија, Естонија и Малта, а благодарение на почетокот на економската транзиција, во зоната на еврото би можела да влезе заедно со Грција. Политиката на проширување на ЕУ поради тој хипотетички успех на Југославија, ќе биде променета. Процесот нема да се води по геополитички палан туку ќе се заснова на заслугите.
Со ваков замислен развој, авторот заклучува дека со постоењето на транзициона земја како Југославија, која би барала членство во еврозоната, земјите членки на ЕУ ќе можат да инсистираат на строга контрола на економските политики, што би можело да ја спречи кризата како онаа во Грција и Шпанија.
Со избегнувањето војна на својот праг, Европската унија би развила и друга политика. Поради тоа што не би имала брутална војна во нејзиниот двор, ЕУ не би работела на заедничка одбранбена сила, туку членките ќе се ослонат на НАТО кој би бил ангажиран воглавно надвор од европските граници.
Југославија од друга страна би овозможила подобри односи со неврзаните и со новите сили како што се Индија, Јужна Африка, Индонезија и Малезија. Ова ќе биде значајно за ЕУ имајќи ги во предвид специјалните односи кои ги има со многу земји кои ги трпат последиците од колонизацијата од некои земји членки на Унијата.
СФРЈ би имала повеќе гласови во ЕУ од Холандија, Португалија и Белгија
По ова хипотетичко сценарија, Адебар одвојува три лекции за актуелната ЕУ.
Прво ЕУ со транзицијата на Југославија и нејзиното прилагодување за влез во зоната на еврото, подобро ќе се подготвеше за кризата во Грција и Шпанија.
Второ, Брисел би имал значително помалку развиена безбедност во одбранбената политика и повеќе ќе се фокусираше на глобалната надворешна политика со помалку воени сили отколку што е денес.
Третата лекција за велз на цела Југославија во ЕУ е повеќе во форма на прашања: Дали националните држави уште ќе го одредуваат смерот за решавање на предизвиците во Европа во 21 век?
Мултиетничка држава, членка со слаба федерална структура би наговестила денешна дебата за подривањето на националниот суверенитет по финансиската криза, повремените жалби за отуѓената демократија во Европа или чекорите за независност на Каталонија и Шкотска.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа