Илон Маск за церемонијата на отворање на Олимпијадата: Беше крајно непочитување кон христијаните
Милијардерот Илон Маск реагираше за свеченото отворање на Олимпијадата во Париз.
– Ова беше крајно непочитување кон христијаните, напиша Маск на социјалните мрежи.
Тој одговори на твитот со снимка од церемонијата на отворање и натпис: „Отфрлање на дегенерацијата“.
И пратеничката во Европскиот парламент Марион Марешал изрази бес поради случувањата на отворањето на Олимписките игри во 2024 година.
– До сите христијани во светот кои ја гледаа церемонијата на отворање и беа навредени од оваа пародија на Тајната вечера. Знајте дека ова не зборува Франција, туку левичарско малцинство кое е подготвено на секаква провокација, напиша Марешал на социјалната мрежа.
Таа реагира на како што вели, сцените на обезглавената Марија Антоанета, понижувањето на Републиканската гарда принудена да танцува со Аја Накамура и општата грдотија на костимите и кореографијата.
Летните олимписки игри 2024 беа отворени синоќа во Париз.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа