Реновирана невролошката амбуланта на Клиниката за детски болести
На Клиниката за детски болести комплетно e реновирана невролошката амбуланта што функционира како консултативна и
дијагностичка супспецијалистичка амбуланта која е единствена од таков тип во државното здраство.
Доцент доктор Данило Нонкуловски, кој е дел од тимот кој работи во оваа амбуланта вели дека таа е составена од две невролошки и една невроразвојна амбуланта, Ехосонографски кабинет и Два Кабинета за реализација на стандардно ЕЕГ, ЕЕГ со хипервентилација и ЕЕГ во сон.
Во невролошката амбуланта работат 4 лекари специјалисти и сестри-техничари обучени за спроведување на ЕЕГ.
– Во тек на една година се реализирааат околу 8000 прегледи на пациенти на возраст од 0-14 години, со различна невролошка и невроразвојна патологија. Исто така се реализираат околу 3000 ЕЕГ годишно. Нашиот персонал редовно учествува на интернационалните и домашните семинари и обуки кои се спроведуваат од страна на Европското Здружение за Детска Неврологија и постојано ги следи најновите трендовите на современата дијагностика и третман на невролошките заболувања, посочи д-р Нонкуловски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа