Приведен бегалец од затвор

 

Денеска (23.07.2024) полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар при СВР Скопје го лишија од слобода Џ.Ш. (46) од Скопје, кој бил баран со потерница поради бегство од КПУ Идризово.

Тој е осуден на казна затвор од една година за кривично дело по член 236 од КЗ, а за доиздржување има 3 месеци и 23 дена.

Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено поправна установа.

23.07.2024 - 21:39

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега