Радиолозите работат и за викенд за да се справат со заостанатите медицински извештаи

 

Вработените во ЈЗУ Универзитетски институт за Радиологија работи и за викенд за да се справат со заостанатите медицински извештаи кои се акумулирани со месеци. 

Менаџментот вели дека радиолозите ќе работат и прекувремено. 

-Се работи и за викенд, новиот менаџмент на Радиологија зададе цел да нема чекање на резултати од испитувањаРадиолозите од ЈЗУ УИ за Радиологија, во организација со новиот менаџмент, в.д. медицинскиот директор, д-р Соња Николова, започнаа активности на прекувремена работа, вклучително и викенди, за да се справат со заостанатите медицински извештаи, акумулирани со месеци. Со овој чин, радиолозите од ЈЗУ УИ за Радиологија ја акцентираат нивната посветеност и грижата за пациентите и здравствениот систем. Овој начин на работа овозможи ревносно да се анализираат заостанатите скенови, да се подобри соработката меѓу колегите и да се обезбеди навремена и точна дијагностика, со што ќе се нагласи и нивната витална улога во одржувањето на ефикасноста на здравствената заштита, особено под предизвикувачки околности, велат оттаму.

20.07.2024 - 11:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега