Кризниот штаб апелира граѓаните на Штип да останат во своите домови по појавата на чадот во градот
Граѓаните на Штип да избегнуваат присуство на отворено подолго време, односно да останат во своите, откако вечерва градот беше завиен во чад, а се чуствува и неговиот мирис, ова е една од одлуките вечерашните одлуки на Кризниот штаб на Општина Штип, откако пожарот над селата Селце, Драгоево и Пиперово се доближи на неколку километри до нив.
Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов вечерва истакна дека меѓу одлуките кои се донесени е и да се побара помош од пожарникарите од другите градови во земјава за справување со големата стихија на планината Серта во штипскиот регион. Забележува дека ситуацијата со пожарите е сериозна и опасна за неколку села на планината Серта.
-Армијата на Република Македонија да се исконтактира и да даде човечки ресурси и опрема со којашто ќе се делува во текот на утрешниот ден. Центарот за управување со кризи да сподели информација за потенцијалните жаришта кои треба да бидат управувани во текот на утрешниот ден. Потребна е вклучување на целата механизација на јавните претпријатија, Општина Штип, како и сите градежени компании на територија на Општина Штип заради полесно справување со пожарите, коишто се на територија на Општина Штип за создавање на заштитни обрачи од земјени наноси, вели Јорданов.
Меѓу одлуките на вечерашниот Кризен штаб се и вклучување на Ловното Здружение, оф роуд друштвата, месното население кое е засегнато, заради логистичка поддршка , како и за информации на теренот. Потребно е вклучување на тимови на Итната медицинска помош и Црвен Крст на жариштата каде е пожарот на Серта. Јорданов истакна дека уште во раните утрински часови сите институции, но и градежни компании и здруженија ќе бидат на терен, за да се прават обрачи околу селата и да се гасне огнот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа