НЕ КУПУВАЈТЕ ПЕТАРДИ- ви се закануваат парични и затворски казни

И покрај строгите казни прдвидени со Кривичниот Законик петардите и другите пиротехнички средства во пресрет на парзниците ги преплавија улиците и пазарите.

ПОлициските билтени секојдневнио информираат за извршени акции за заплена на овие средтсва кои поради опасноста по здравјето на луѓето се забранети со закон.

Вчера во тетовско полицијата запленила околу 6.000 разновидни пиротехнички средства а сопственикот бил приведен и против него ќе следува пријава.

За потсетување, според Кривичниот законик, за прекршоци против јавниот ред и мир, за неовластено купување, продавање или разменување на предмети и стоки од поголема вредност, чијшто промет е забранет или ограничен, ќе се казнуваат со парична или затворска казна од една до три години, зависно од прекршокот. 

Со парична казна од 200 до 400 евра во денарска противредност ќе бидат казнувани сите оние кои неовластено ќе пукаат од огнено оружје, ќе употребуваат пиротехнички средства или слични експлозиви и лесно запаливи материјали со што би ги нарушиле мирот и безбедноста на граѓаните.

22.12.2013 - 12:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа