УХМР издаде метеопредупредување: Доаѓа невреме со силен ветер и до 70 км на час
Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса попладне и во текот на ноќта на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има невреме со интезивен пороен дожд, силен ветер (над 70 km/h) и појава на град, соопшти УХМР.
Во Скопје, попладне и во текот на ноќта ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 70 km/h) и локална појава на град.
Од УХМР препорачуваат во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.
02.07.2024 - 14:09
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа