Полицијата со активности за превенција од злоупотреба на пиротехички средства

 

Одделението за превенција во СВР Скопје денеска во12 часот во ТЦ Веро Центар, ќе реализира активност за превенција од злоупотреба на пиротехнички средства. Акцијата е во рамки на кампањата „Среќна и безбедна 2014 година -во семејно и пријателско дружење“.

Во соработка со Црвен Крст на Град Скопје и ученици-членови на клубовите за превенција формирани во основните училишта во рамките на проектот „Безбедност во училиштата“, ќе биде реализирана показна вежба за давање помош на повредени предизвикани од злоупотреба на пиротехнички средства.

За успешно реализирање на кампањата од страна на Одделението за превенција, во соработка со Македонско радио, изработен е аудио-спот, кој ќе биде промовиран за време на активностите, а исто така ќе биде дистрибуиран соодветен пропаганден материјал на граѓаните-посетители на настанот.

21.12.2013 - 10:16

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега