Песков: Лажни се обвинувањата дека Русија и Северна Кореја градат антизападен сојуз
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска изјави дека обвинувањата дека Русија и Северна Кореја градат антизападен сојуз се „целосно лажни“.
„Практично се што прави (Западот) е, на еден или друг начин, насочено против нас (Русија). А ние, напротив, градиме односи, особено со нашите соседи. Не против никого, туку за наша корист. Интересите на народот на нашите две земји не е насочена ниту против „трети земји“, изјави Песков за „Известија“, пренесува Тас.
Западот ја обвини Северна Кореја дека и испорачува оружје на Русија за да го зајакне снабдувањето со оружје поради војната во Украина.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа