Мицкоски: Нема човек кој денеска во Македонија вели дека е добра состојбата

 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за централниот Дневник на телевизија Сител истакна дека информациите кои пристигнувале до него се катастрофални, односно државата е во лоша состојба, но сепак како идна влада ќе работат за брзи резултати.

„Информациите кои доаѓаат до мене се катастрофални односно алармантна ситуација која владее во Македонија и која е наше секојдневие и тоа нема да не изненади ниту нас, ниту граѓаните ако кажеме дека е лоша состојбата. Впрочем нема човек кој денеска во Македонија вели дека е добра состојбата нема таков и впрочем тоа беа и резултатите на изборите кои се случија на 8 мај и знам дека ќе немаме 100 дена, впрочем немаме ниту минута, бидејќи веќе почнаа нападите кон нас, а не сме ниту влада. Претпоставувам дека за 6 дена треба да е нашиот прв работен ден, а веќе почнаа нападите“, посочи Мицкоски.

18.06.2024 - 19:47

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега