Мицкоски: Ќе работам на градење единствени позиции за стратешките прашања
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар за формирање нова влада Христијан Мицкоски од обраќањето на свеченоста „34 години ВМРО-ДПМНЕ, 131 година ВМРО, завет, слобода, иднина, продолжуваме“ искажа почит кон сите негови претходници и членови на партијата потенцирајќи дека сега партијата е обединета и силна и останува тоа што отсекогаш била партија на народот. Мицкоски кажа дека за неколку дена ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира новата влада и упати порака до идните функционери да ги засукаат ракавите бидејќи ги чека напорна работа и силни реформи.
-Никој од овде во салата не смее да застрани. Немаме сто дена, ниту грејс период...Не може никој опд вас да има приватните бизнисни и да води институции, порача Мицкоски. Не смеете, продолжи тој, да останете недостапни за граѓаните. Побара работа, чесност, исполнителност, транспарентност. ВМРО-ДПМНЕ, рече Мицкоски постои за Македонија.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека и покрај разликите со СДСМ и другите партии, тој ќе работи на градење на единствени државни позиции за стратешките прашања за земјата. - Им подавам рака за македонско национално единство, рече Мицкоски.
Осврнувајќи се на објавите дека, како што кажа, премногу позиции им се дале на партиите од коалицијата Вреди, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар, кажа „ние не даваме, ниту земаме“ и оти се додека коалициските партнери работат по закон, ќе бидат еднакви партнери.
- Доколку кој било застрани, ќе биде веднаш санкциониран, вклучително и од нашата партија, ќе биде повикан на одговорност, Мицкоски.
На денешната свеченост „34 години ВМРО-ДПМНЕ, 131 година ВМРО, завет, слобода, иднина, продолжуваме“ што се одржа во театарoт „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ во Велес Мицкоски потенцираше дека нема да отстапи од идејата за Македонија.
- Ќе се однесувам со еднаква почит кон секој претходен претседател. Најважно е што ВМРО-ДПМНЕ е обединета, силна и останува она што била отсекогаш, партија на народот. Нека е вечна идејата и каузата, уште многу години борба, порача тој.
Мицкоски налгаси дека, како што рече, „нема да дозволи ВМРО-ДПМНЕ да стане тоа што беше и е СДСМ, ниту Коалицијата „Вреди“ да стане ДУИ.
- Ќе ги решаваме сите проблеми со посветеност. Нема од мене да видите двојни стандарди, ќе се однесувам согласно уставот и законите во државата и нема да подлегнувам на темите кои нè оддалечуваат и разединуваат, дополни тој.
Мицкоски, кој е мандатар за формирање нова влада, синоќа ги соопшти имињата на министрите што ќе ги предложи, а изминатите денови тоа го направија и Вреди и ЗНАМ, кои ќе бидат дел од новата владина коалиција.
Новата влада се очекува да биде формирана најдоцна до недела на полноќ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа