Делови од пет скопски општини ќе останат без струја
Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од скопските општини Сарај, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Гази Баба, соопшти РЦУК - Скопје.
Во периодот од 10:00 до 12:00 часот без струја ќе останат корисниците од селото Паничари во Општина Сарај.
Во периодот од 11:00 до 14:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците позади трговскиот центар во Сарај во Општина Сарај.
Во периодот од 09:00 до 15:00 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „103“ во Волково кај Црквата во општина Ѓорче Петров);
Во периодот од 09:00 до 14:30 часот без труја ќе бидат корисниците од улицата „Славка Динкова“ од бр.17 до бр.27 во Општина Кисела Вода.
Во периодот од 09:00 до 13:00 часот без струја ќе бидат корисниците на Радишани улиците „8“ и „14“ во Општина Бутел.
Во периодот од 09:00 до 15:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од селата Раштак, Булачани, Виниче, Страчинци и Црешево во Општина Гази Баба.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа