Побрзајте и пријавете се: Манифестацијата „Новогодишните бои на Скопје“ завршува во понеделник

Градот Скопје ги потсетува граѓаните и правните субјекти дека е во тек  пријавувањето за традиционалната манифестација „Новогодишните бои на Скопје“, кое ќе трае до понеделник 23 декември до 16 часот.

 Фотографии од украсените објекти, заедно со личните податоци за сопствениците, телефонскиот број и адресата, граѓаните и правните субјекти може да ги испраќаат на интернет-адресата mediumi@skopje.gov.mk и во текот на претстојниов викенд  или на адреса булевар Илинден бр.82, со назнака за манифестацијата „Новогодишните бои на Скопје“.

 Годинава, традиционално, ќе се избира:

 Најубаво новогодишно украсен двор од индивидуална станбена куќа;

  1. Најубаво новогодишно украсена тераса од стан;
  2. Најубаво новогодишно украсен угостителски објект (надворешно);
  3. Најубаво новогодишно украсен двор на средно училиште.

Заинтересираните граѓани и правни субјекти што сакаат да учествуваат во манифестацијата можат да се пријават на телефонските броеви 3297 265 и на 3297380 од 9 до 16 часот, до 23  декември 2013 година.

 Градот Скопје и годинава обезбеди награди од 10 000 денари, што ќе им бидат доделени на  првонаградените од трите категории, фирмата ФАС-ВАС Васко ДООЕЛ ќе им додели ваучери во вредност од 2 000 денари, исто така на  првонаградените од трите категории, а ЕВН Македонија ќе ги ослободи првонаградените во сите категории, еднократно од плаќање на сметката за потрошена електрична енергија, за месец декември 2013 година.

 

20.12.2013 - 12:39
Фото: 
Региони.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега