Султанот Сулејман: Србинките се преубави жени!

Најпопуларниот турски актер Халит Ергенч, кај нас познат како Сулејман Велечествениот, призна дека Србинките се преубави жени. Всушност тој се пошшегува сдека поради овој факт, сопругата Бергузар Корел, едвај му дозволува да излезе.

„Мојата сопруга Бергузар знае дека Србинките се многу убави и едвај ми дозволи да излезам од куќата. Токму поради тоа  јас не стигнав на време - рече Халит за несреќата во која  паднаа тркала на приватниот авион со кој слета во Белград.

Актерот во Белград помина само еден ден и заради големите обврски се врати назад во Истанбул.

„Убаво ми е секогаш кога ќе дојдам кај вас и драго ми е што серијата е популарна.Србите се прекрасни домаќини и би сакал да дојдам пак, но со помалку обврски“, изјавил тој.

 

Во плановите за денот му било и да го прошета Калимегдан, но се откажал поради ладното време, па само прошетал по Кнез Михајлова.

20.12.2013 - 10:45

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа