Отворен првиот „Саем на средни училишта на Град Скопје “ на плоштад Македонија

 

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска на Плоштад Македонија ја отвори манифестацијата „Саем на средни училишта на Град Скопје“, кој се реализира за првпат со цел промоција на градските средни училишта и презентација на нивните наставни планови и програми. 
„Горди сме што имаме 23 скопски средни училишта кои продуцираат квалитетни, добри, професионални млади кадри и кои понатаму се успешни во нивниот кариерен развој. Ги охрабруваме учениците, кои се нашата иднина, како и наставниот кадар, професорите, директорите, кои се залагаат нашите средношколци да бидат што е можно подобри, да продолжат со одличната работа и резултати. Нашите скопски средни училишта воведуваат нови, иновативни образовни профили кои се според потребите на пазарот на труд, а во насока на развој и унапредување на образовниот процес за идните млади професионалци. Истовремено, скопските средни стручни училишта се лидери во Македонија во поглед на стручното образование кое е се атрактивно за улениците. 
 
Во рамките на Саемот, кој се одржува на 17 и 18 мај, идните средношколци и нивните родители имаат одлична можност да остварат непосредна комуникација со наставниот кадар и стручните служби на училиштата, да се запознаат со различните наставни и воннаставни активности, како и со образовните струки и профили кои ги нудат. Во рамки на манифестацијата за посетителите на плоштадот Македонија имаше музичко забавна програма во изведба на талентираните средношколски музички бендови и солисти, како и настап на фолклористите од ДКЦ Карпош“, стои во соопштението на Град Скопје.
17.05.2024 - 17:21

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега