ФОТО: Авионот со кој пристигнува Палчо влезе на македонски воздушен простор
Авионот на Туркиш Ерлајнс во кој се наоѓа првоосомничениот за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски, Љупчо Палевски Палчо попладнево влезе на македонски воздушен простор.
Истиот за неколку минути треба да слета на македонскиот аеродром, од каде ќе биде пренесен во затворот Шутка.
И од партијата „Десна“, на социјалната мрежа Фејсбук тврдат дека Палевски е во овој авион и дека се очекува авионот да слета во 19.30 часот.
15.05.2024 - 19:28
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа