Њу Мексико дозволи склучување на истополови бракови
Врховниот суд на Њу Мексико дозволи склучување на истополови бракови во оваа американска сојузна држава.
Во август оваа година осум од 33-те окрузи во државата започнале со издавање на дозволи за брак на истополови двојки, откако обласен службеник одлучил своеволно да дозволи вакви заедници. Окружните власти побараа од Врховниот суд толкување на законот, како и воведување единствена политика кон истополовите бракови.
Со вчерашното судско решение Њу Мексико се приклучува кон 16-те држави и градот Вапингтон, кои веќе ги имаат дозволено еднополовите бракови.
20.12.2013 - 09:23
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа