Последен ден од расправата за Буџетот за 2014

Собранието денеска во рамки на 80. седница треба да ја заврши расправата за Дополнетиот предлог буџет на Република Македонија за 2014 година, што почна во понеделникот.

Пратениците  треба да се изјаснат и за Предлог законот за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2014 година, по скратена постапка, што е на дневен ред на 74 седница.

Државната каса за следната година  ќе изнесува 176,5 милијарда денари. Приходите се планирани на 158 милијарди и 243 милиони, а буџетскиот дефицит на 3,5 проценти и ќе се финансира од домашни и од странски извори. Растот на БДП е проектиран на 3,2 проценти, а инфлацијата од 3,3 проценти. Нивото на буџетскиот дефицит, според проекците, ќе изнесува 3,5 проценти.

 

20.12.2013 - 09:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега