Се разбудивме на минус десет - и денеска кочан ладно во Македонија

Времето денеска во Македонија ќе биде претежно сончево со слаб јужен ветер, попладне со мала до умерена облачност. По одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност.

Утринската температура ќе се движи од минус 10 до минус два, а дневната од еден до 12 степени.

Во Скопје времето ќе биде магливо и студено со локална облачност. Во текот на денот маглата ќе биде слаба, а попладне ќе се зголеми виската облачност. Утринската температура ќе се спушти до минус шест, а дневната ќе достигне до еден степен.

 

20.12.2013 - 08:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега