Фабриката „Киро Ќучук“ во Велес нема да се рестартира

Собранието на доверители на фабриката за цигли „Киро Ќучук“ од Велес одлучи објектот да не се рестартира. Стечајниот управник на фабриката Ацо Петров на прес-конференција денеска објасни зошто не беше прифатен планот за реорганизирање на фабриката кој беше поднесен од страна на прилепската фирма „Микрон теч“

- Не беа дадени прецизни податоци за начинот на спроведување на планот, на реализацијата на исплата на доверителите и не беа понудени никакви банкарски гаранции за намирување на доверителите за утврдени побарувања, изјави Петров.

По одлуката на Одборот на доверители, велешки „Киро Ќучук“ ќе биде ставен на продажба, а имотот е проценет на 3,7 милиони евра.

19.12.2013 - 16:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега