Одбележување на 9 Мај - Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа
Со положување цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел и на Споменикот „Ослободители на Скопје“, Владата денеска ќе ги одбележи Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа - 9 Maj.
Владината прес-служба соопшти дека делегација предводена од Ристо Пенов, министер за локална самоуправа и Викторија Аврамовска Мадиќ, заменик министерка за правда, во 11 часот ќе положи цвеќе на Партизанските гробишта Бутел, Скопје.
Во 12:00 часот, владина делегација предводена од техничкиот премиер Талат Џафери, министерот Пенов и заменик министерка Аврамовска Мадиќ, ќе положи цвеќе пред Споменикот „Ослободители на Скопје“ на платото пред Владата на Република Северна Македонија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа