Утре ќе се разбудиме на минус десет

 

Времето утре во Македонија ќе биде претежно сончево со слаб јужен ветер, попладне со мала до умерена облачност. По одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност.

Утринската температура ќе се движи од минус 10 до минус два, а дневната од еден до 12 степени.

Во Скопје времето ќе биде магливо и студено со локална облачност. Во текот на денот маглата ќе биде слаба, а попладне ќе се зголеми високата облачност. Утринската температура ќе се спушти до минус шест, а дневната ќе достигне до еден степен.

Во следните денови мала промена ќе има во сабота кога ќе има и слаб но северен ветер, а понатаму ќе се задржи стабилно и суво со услови за појава на утринска магла. 

19.12.2013 - 15:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега