ТАКСИРАТ ќе го преврти Скопје наопаку

На 28. декември во „Метрополис Арена“ во Скопје ќе одржи 15-то издание на ТАКСИРАТ фестивалот. Оваа година фестивалот се одржува под мотото „Заедно да го превртиме Скопје наопаку“.

Организаторите ветуваат вечер со фестивалско искуство, исполнето со позитивна енергија и извонредни концертни настапи, со која на најубав начин ќе ја заокружат оваа година.

На фестивалот, пред македонската публика ќе настапат 12 артисти, во рамки на програмата за главната вечер која годинава ќе се одржи во две хали. 

Покрај главната бина во „Метрополис Арена“, годинава ТАКСИРАТ ќе ја претстави денс сцената во втората хала, со настап на уште неколку значајни имиња од светот на електронската музика и домашната хип-хоп сцена. 

- Програмата, грижливо селектирана во духот на ТАКСИРАТ, вклучува еминентни претставници на различни музички стилови од светската, регионалната и домашната музичка сцена. Со сигурност можеме да кажеме дека заедничка карактеристика на артистите задолжени за уште едно незаборавно издание на фестивалот, е нивната препознатливост по исклучително добрите настапи во живо. На наше особено задоволство, поголемиот дел од нив првпат доаѓаат со настап пред македонската публика, велат организаторите.

Веќе најавените имиња од програмата на ТАКСИРАТ 15 ги вклучува: панк рок иконите Тhe exploited, ска панк бендот Тhe locos, еден од најдобрите балкански бендови Дубиоза Колектив, легендарниот рокенрол бенд Мајке, предводниците на регионалната инди сцена Bernays propaganda, српскиот хип хоп Београдски синдикат, великанот на детроитската техно сцена Carl Craig, лидерот на хаус музиката Dennis Ferrer и едни од најдокажаните хип-хоп артисти на домашната сцена, ЛД Пистолеро и Гоце (САФ).

Покрај нив, програмата на фестивалот е збогатена со уште две имиња од домашната сцена: диџејот и продуцент Самоил Радински и панк групата Лоши деца.

Влезниците за ТАКСИРАТ 15 се веќе во претпродажба по промотивна цена од 450 денари, а може да се набават преку продажната мрежа на МКтикетс.

19.12.2013 - 14:53
Фото: 
Кајгана

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега