Неисчистените оџаци ги донесоа првите проблеми во Тиквешијата

 Во Тиквешијата регистрирани првите пожари во објекти кои се затоплуваат со дрва за огрев или јаглен. Територијалните противпожарни единици од општините Кавадарци и Неготино денеска упатија апел до граѓаните да бидат совесни и да ги чистат оџаците. 

- Заштитата од пожарите во зима  во многу зависи  и од совеста на граѓаните. Бидејќи неисчистените оџаци се како запалки. Граѓаните ризикуваат кога не ги чистат оџаците, рекоа  командирите Илчо Богевски и Илија Илиев. 

Тие потенцираа дека многу е важно граѓаните навреме да си ја исполнат обврската за чистење на оџаците оти неисполнувањето на таа обврска може да има последици.

Според Правилникот за заштита од пожари, граѓаните имаат обврска еднаш годишно да го исчистат каналот за одвод на чад и тоа пред грејна сезона. Исто така треба да ги проверат инсталациите за греење. 

19.12.2013 - 14:39

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега