Царината ги презентираше двата нови електронски системи

Царинската управа денеска ги презентираше поволностите кои произлегуваат од употребата на новите електронски системи, E-lohn системот и Системот за електронско следење на трговијата со минерални масла кои содржат материја за обележување. Овие системи од 1. јануари 2014 година стануваат задолжителни за употреба.
 
Електронскиот систем за постапки со економски ефект „E_Lohn“ овозможува електронско поднесување на сите барања за одобренија за постапки со економски ефект (увоз за облагородување, царинско складирање, извоз за облагородување, преработка под царинска контрола и привремен увоз), како и поднесување на документи за следење на постапката за увоз за облагородување во електронски обработлив формат преку XML пораки.
Овој систем овозможува поволности како за имателите на одобренија, така и за Царинската управа:
 
-Поднесување на барања и издавање на одобренија за постапките со економски економски ефект во електронски обработлив формат. Тоа значи дека сите податоци во барањата и во одобренијата се стандардни, и можат во целост да се користат за следење на спроведување на одобренијата, како од имателот на одобрение, така и од царинските службеници задолжени за контрола на спроведување на одобренијата;
 
-Поднесување на потребните документи во текот на користењето на одобренијата во електронска форма во електронски обработлив формат. Наместо доставување на хартиени документи или на електронски документи во необработлив формат (PDF, на пример) во системот се поднесуваат обработливи податоци.
 
-Забрзување на постапката и намалување на обемот на движење на документи. Со цел да се раздолжи постапката за увоз за облагородување, на пример, имателот на одобрение поднесуваше разни видови на извештаи во различна (електронски необработлива) форма.
 
E_Lohn системот е ставен во функција од крајот на март 2013 година, и за него се донесени и објавени сите потребни упатства, како за надворешни, така и за интерни корисници. Исто така, одржани се сите неопходни обуки за царинските службеници и за надворешните корисници на системот. Во системот се евидентирани прилближно 300 надворешни корисници, и во 2013 година се разменети 15 илјади пораки со компаниите.
 
Проектот за имплементација на Систем за електронско следење на трговијата со минерални масла кои содржат материја за обележување е обврска која произлегува од Законот за изменување и дополнување на Законот за акцизите. Овој проект е подготвен со цел да обезбеди систем, кој ќе овозможи непречен проток на електронски информации помеѓу сите учесници во процесот на трговија со минерални масла кои содржат материја за обележување, преку регистрација на трговцитеи поврзувањње на терминалите кои се во сопственост на економските оператори со електронскиот систем на Царинката управа. Со автоматизирање на  административното одвивање на процесите ќе се зголеми ефикасноста при спроведувањето на царинските постапки, наплатата на приходи и контролите. Придобивки од развојот на овој проект имаат сите учесници во акцизната постапка (економски оператори, Царинската управа, други државни органи и општеството во целина). Овој системот, како и E-lohnсистемот ќе биде задолжителни за употерба започнувајќи од 01.01.2014 година.
 
-Ова се само дел од проектите кои Царинска управа ги спроведува со цел подобрување на административните капацитете, забрзување и олеснување на царинските постапки. Царинската управа континуирано продолжува да работи на приближување кон законодавството на ЕУ и олеснување на работењето на бизнис заедницата, соопштуваат од македонската Царина.
19.12.2013 - 14:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа